◊ ABOUT
  • introduction
  • board
  • services
  • membership
  • advisory board
◊ INFO
  • news
  • calendar
  • links
◊ MEMBERS
  • list of members
  • message board
 

Извештај и заклучок за споменикот на А ден Doolaard

Охрид Македонија 29ти Мај 2006

 

Споменик A ден Доoлаaрд Охрид

 


 

Јуни 2006

Предговор

Холандската Стопанска Комора(ДЦЦ)  во Македонија  по двогодишно планирање,интензивни подготовки и контакти со еминентни новинарски имиња, како и претставници од туризмот и тур - оператори, направивме проценка и идни потенцијали за развој на туризмот во Охрид и возобновување на културниот мост помеѓу Холандија и Македонија. Потоа, ДЦЦ со одобрување на Општината Охрид, успешно го заврши проектот “Откривање на споменикот на А ден Долард“, како прв и уникатен културен настан од овој вид за Холандија.

 

настан на отварање

Мај 29ти 2006 20ч. Петер Џ Боссе Претседател ДЦЦ


 

Имајќи ја на ум, ДЦЦ во потполност ја оствари идејата стара скоро декада, да искреираме позитивна провокација за потенцијалните Холандски инвеститори во Македонија, исто така и Македонија да се стекне со повисок ранг на интернационално ниво.

ДЦЦ знае дека Македонија нема доволно буџети за рекламирање, како што е на пример 400 ЕУРО за секунда на Холандската национална телевизија или други високи цени за насловни страници во големи магазини или на радио....Тоа е позадината на нашата “позитивната провокација“.
Светските искуства ни покажуваат дека таму каде што одат туристите ,ѕтаму доаѓаат и инвеститорите. Повеќе од јасно е дека пријателските неофицијални препораки имаат далеку помоќно влијание, отколку платените реклами.
Со овој настан, ние направивме извоз на Холандска култура во Македонија. Исто така, многу  постабилна основа и за двете земји.

 

 

новинарска конференција во Хотел Инекс Горица Охрид Mакедонија

 

Партнери
За успешната реализација на овој проект покрај ДЦЦ, како јадро на активностите, од круцијално значење беше слободната воља, желба за помош од страна на институциите, компании и индивидуи кои ни помогнаа како партнери во реализација на проектот “Откривање на спомени кот на А ден Доoлаaрд“. Ова се тие партнери: 3Б Продукција, Хотел Амбасадор, Уметници од Македонија, ХОТАМ, Хотел Инекс Горица, Хотел Лебед, МЦА/УСАИД, Мермерен Комбинат од Прилеп, Микросам, Хотел Милениум, Г-дин Братислав Здравковски, Г-дин Владимир Тојич, Г-дин Винко Мишковски, Општина Охрид, Скопска Пивара, Супериор, Амбасадата на Кралството Холандија, Травел клуб - патничка агенција, Униливер и Вис Пој - патничка агенција, Тетрагон Скопје, Малев - Амстердам, Македон Турс.  

 

 

Г-дин Говерт Виссер Холандска Амбасада Скопје

 


 

Реализација на агендата

Заради комплексноста на буџетот, техничката спецификација , како и изработката на споменикот, има понатамошни информации во секторот на финансиски наративен извештај.

 По повеќемесечни контакти во Македонија и Холандија исто така, како и со претставниците од  локалните авторитети,  беше одлучено отварањето на споменикот да биде на 29ти Мај 2006,  датум на отварањето на туристичката сезона и ден кога ќе стасаат првите туристи од Холандија во Охрид. Во согласност со овој датум беше направена тродневна агенда во служба на оптимално исполнување на програмата на гостите.

Во Недела (28.06.2006) - по пристигнувањето на новинарите и тур-операторите (10 мина) на аеродромот во Скопје, транспортот беше организиран до Охрид, со минибус и ручек на планинскиот врв Стража. По пристигнувањето во Охрид го посетивме споменикот кој беше во завршна фаза од изградбата.
Во текот на истото попладне слета авионот од Амстердам кој ги донесе првите гости од Холандија заедно со членовите на семејството на Г-дин Долард (11 членови) и тие веднаш се упатија директно  на местото каде се наоѓа споменикот.

iГ-ѓа Сузи Хаген УСАИД/МЦА    


 

Откако ги надгледувавме последните детали, отидовме  во хотелот на заедничка вечера. За време на вечерата исто така ни се придружија уште два члена од фондацијата на А ден Долард  (www.adendoolard.nl) од Холандија.
Во понеделник (29.06.2006) - по појадокот во хотелот беше организирана прошетка низ стариот дел на градот Охрид на локациите опишани во книгите на А ден Долард. Потоа беше организиран ручек во градот.
Попладнето беше резервирано за  за прес конференција каде што присуствуваа новинари од Холандија и Македонија како и членовите на семејството Долард. (Сполестра)

Истовремено на сцената се пренесуваа неопходното расветлување се проверка на озвучувањето. Во мигот на зајдисонце шоуто на отварањето започна.

Воведниот збор го даде г-ин Петер Џон Боссе ( Претседател на ДЦЦ), Г-дин Говерт Визер (Холандска Амбасада), Сузан Хаген (МСА/УСАИД) и г-дин Љупчо Тодоровски ( Извршен директор на ДЦЦ).
Потоа  следуваше музичкиот дел во кое шоуто почна со настапот на фолклорната група Инекс Горица, Благоја Грујовски, Стефче Стојановски, Трајче Манев, Мики Јовановски Џафер. И како изненадување музиката беше накратко прекината со оригинален спот и музика во бекграунд “доаѓањето на А ден Долард“ - езерски чамец кој го носеше профилот на А ден Долард, изгравиран дел во мермерот како последно парче кое му недостасува на споменикот. Откако се постави во споменикот, неговите ќерки Сполестра имаа говор и подоцна следуваше говорот од Градоначалникот на Општина Охрид, г-дин Александар Петрески.
Следниот дел го сочинуваше музиката на Јасминка Мукаетова, Филип, Петар Ренџов, и Ѓоко Мишковски. Вреди да се спомене дека, целокупниот настап имаше мултимедијален приказ зошто беше здружен со два видео бима со презентација на видео спотови, изработени специјално за оваа пригода од 3Б Продукција.
По завршувањето на шоуто беше организиран коктел во хотел Милениум  со што ја завршивме агендата на овој ден.
Вторник (30.05.2006) - По појадокот, беше организирана тура со брод по езерото и дестинација до прекрасниот Св. Наум. Таму, ние организиравме прошетка низ паркот и разгледување на изворите. Ручекот беше сервиран во Националниот ресторант. За време на ручекот се разви позитивна дискусија за економска соработка помеѓу главниот донатор на Македонија која е Холандија и со ова беа воспоставени  идеите за поголема афирмација на Македонија во ЕУ.
After return in the hotel the guest began to pack and log out from the hotel. The DCC team remained till the end in order to farewell the satisfied guests and to finalize the successful project. Откако се вративме во хотелот гостите почнаа да се пакуваат и да се одјавуваат од хотелот. ДЦЦ тимот остана се до крајот, за да се   збогуваат со задоволните гости и да го финализираат успешниот проект.

повеќе за ова на: www.adendoolaard.nl

  Г-дин Љупчо Тодоровски извршен директор на ДЦЦ

 


 

Медиумски резултати од соменикот на А ден Долард

Here as follows the media results of the Ohrid May 29th. Project A den DoolaardТука се проследени медиумските резултати од Проектот А ден Долард, на 29ти Мај
 во Охрид.

Maкедонски медиуми:
Сите главни весници:
Maгазинот : Фокус
Радио:
Различни од Maкедонското радио до Канал 77
ТВ
Неколку извештаи и интервјуа на MKРТВ и 3 специјални програми околу A ден Долард.

А1 извештај на 28 Јуни. Во утринската програма емитуваа во живо програма за А ден Долард, за поддршката на Холандската Влада и за ПСОМ.  

СИТЕЛ
Мрежа Плус
РТВ Кисс Тетово, Гостивар
ТВ Ирис Битола
Канал 5
Телма

Холандски медиуми:

Весници
Пред отварањето на 29ти Мај
Троув
Парол
Радио:
ВПРО: “De avonden” 30 минутно интервју во живо Хилверсум – Скопје со Питер Џ.Боссе
Радио 1 “Met het oog op morgen”  половина час со двете ќерки  на А ден Долард (Сполестра) и Питер Џ. Боссе директно од Скопје.

ТВ Телетект за отварањето
НРЦ


Медиумите по отварањето
ТВ Вести 22:00 НОС и Телетекс на 30ти Мај. Страна 101
Весници:
Телеграф Сатердеј издаде цела страница на 30 Мај. Волксгрант насловна страна за првиот писател кој воопшто добил споменик надвор од Холандија. AD covering story
Парол насловна сторија
Троув насловна сторија

НРЦ Комплетна насловна сторија

Радио:
РНВ неколку пати насловни стории на Холандски, Шпански и Англиски интернационални програми исто Холандскиот беше искористен на Радио 1  журнал

 НПС/Хуман. “Het Atelier” Недела навечер едно- часовна програма на Џероен Вилард за отварањето на А ден Долард во Македонија.

За повеќе медиумски резултати
:

www.adendoolaard.nl
www.kvkmk.org

 

Двете ќерки

на А ден Доoлаaрд (Сполестра) на споменикот со Градоначалникот на Охрид

 

●   Млекарска мисија  Печатарска мисија   туристичка мисија

винарска мисија  ● идни мисии 

 

-----Dutch Chamber of Commerce in Macedonia-----