◊ ABOUT
  • introduction
  • board
  • services
  • membership
  • advisory board
◊ INFO
  • news
  • calendar
  • links 
◊ MEMBERS
  • members
  • research
  • message board
  • contact us
 

Вовед

Холандската Стопанска  Комора во Македонија (ДЦЦ) беше основана во Ноември 2003 година како асоцијација


Македонија е мала земја со голем регионален бизнис потенцијал!   од Питер Џ Боссе
Македонија граничи со Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Косово, и обезбедува можноси за пораст на бизнисот, сега исто како и во минатото. Кој би сакал да направи бизнис со Југоисточна Европа? Ќе мора да помине прво низ Македонија!


-   >>>Локацијата е една од причините зошто Македонија е тоа место каде би го лоцирале вашиот бизнис. Македонскиот народ е пријателски, добро едуциран и вреден, и трошоците за првење бизнис е еден од најниските во Европа. Исто така има најдобра инфраструктура во овој дел на Европа:Македонија има два интернационални аеродроми и само на неколку часа оддалечен од било кој главен Европски центар. Македонската мулти етничка влада е фокусирана на обезбедување бизнис клима и странските ивестиции имаат голем приоритет.>>

Македонија ги третира инвеститорите како бизнис ВИП! Владата исто така обезбедува сигурност на секое ниво во инвестиционата заедница. Ова не се единствените добри причини за инвестирање во Македонија. Што е важно за вас да добиете повратно од вашата инвестиција?- >>>

Добра инфраструктура! 2 аеродроми, добри патишта со интернационални поврзувања, брз интернет, ИСДН, безжичен интернет ВЕДСЛ кој покрива над 80 проценти од Македонија. Високо образуван кадар! Македонија има одличен едукациски систем и креира талентирана работна сила. Врските помеѓу бизнис заедницата и универзитетите овозможува големи предности за работодавците!


Земја со ниски приходи!  Просечната плата во Македонија е сеуште една од најниските во Европа и ќе остане таква бидејќи Македонија нема инфлација и македонската валута Денарот, се докажа како многу стабилен. Останатите трошоци, за градба, даноци итн,  се исто така ниски.


Членка канидат за ЕУ! Македонија е официјален кандидат за член во Европската Унија од почетокот на 2006. Ова му дава на инвеститорот додатна гаранција дека законите ќе се доближуваат до законите на ЕУ и сите интернационални овластувања  во бизнис договорите ќе се постигнат.Македонија е во завршна фаза на огромниот процес на приватизација и се повеќе монополистички бизниси драстично исчезнуваат.


Мала земја голем пазарен потенцијал! Сите продукти  произведени во Македонија можат да се извезуваат без увозни обврски во многу земји околу неа! Овој договор беше направен во 1990 година помеѓу неколку Бившо - Југословенски и Бившо - Советски земји, за да ги елиминираат увозните давачки. Македонија има ниско тарифни договори и со други земји во региониот.


 Холандската Стопанска Комора (ДЦЦ) ќе продолжи да ја исполнува клучната улога, која што е наша визија и цел да ја исполниме. Ние веруваме во Македонскиот потенцијал и добрата воља на Холандија. Македонија е целна земја за Холандија и холандскиот бизнис може може да очекува голема поддршка од Холандската Влада! Најголемиот донатор на Македонија е Кралството Холандија, но сеуште приватните инвестиции се колебливи во однос на УСА, Германија, Грција, Турција, Италија, Изреал и другите.


Со ова, ние како ДЦЦ можеме да најдеме прав партнер, купувач или пазар. ДЦЦ е непрофитна асоцијација, претставува повеќе од 80 сериозни бизнис членови, и е во пораст.

ДЦЦ има најголема бизнис дата банка која се проширена до околните граници! Оваа дата банка е секогаш достапна до сите наши членки. ДЦЦ исто така има одлични контакти со Холандските и Македонските медиуми со кој е во одлично партнерство и се должи на долгогодишната успешна соработка помеѓу ДЦЦ и медиумите.


Ве очекуваме да сретнеме и да дискутираме за вашитот бизнис и растечките можности.

operation cost in Macedonia оперативни трошоци во Македонија.

цели & делокруг:


 ● цел
   Главната цел на ДЦЦ е во унапредување и поддршка на издржливите билатерални бизнис релации помеѓу Холандија и Македонија.


 ● делокруг
Делокругот на билатераниота стопанска комора и двократна:

- премин до Македонија

  ДЦЦ функционира како центар за трговски информации и подршка во развојниот бизнис за Холандската бизнис заедница.

- Холандска “ надворешна- канцеларија“

  За Македонија, ДЦЦ е првиот контакт со Холандската бизнис заедница. ДЦЦ делува како промотивна организација  за Македонскиот бизнис во Холандија.


за заинтересираните за инвестирање/продажба или ако барате партнер од Македонија , ве молиме контактирајте не here .

Искрено Ваш, Питер Џ Боссе Претседател  ДЦЦ на извршниот одбор executive board

 

Voor informatie over de mogelijkheden voor een Nederlands bedrijf in Macedoniλ kunt u ons bellen, of mailen  email

 

-----Dutch Chamber of Commerce in Macedonia-----                                         ©2007 all right reserved