Покана за учество на ДЦЦ Бизнис Клуб

look into here for news about DCC
Добродојдовте на новата страница на пораки од одборот на Холандската Стопанска Комора во Македонија.

Moderators: nada-office, sonjamb

Покана за учество на ДЦЦ Бизнис Клуб

Postby sonjamb » Fri Mar 07, 2008 5:32 pm

Почитувани,



Чест и задоволство ни е да Ве поканиме на првиот ДЦЦ Бизнис Клуб кој ќе се одвива во континуитет одсега па натаму во секој регион на Република Македонија, каде што има интерес за презентација на ДЦЦ и каде што имаме членки, пријатели и партнери.

Првиот Бизнис Клуб ќе се одржи на 11.03.2008 ( Вторник) во ресторанот “Домини” во Скопје, кој се наоѓа во склоп на Младинскиот Хотел и Феријален дом, со почеток во 20.30 часот.

Како интересен настан на овој бизнис клуб ќе биде издвоено присуството на голем потенцијален партнер на ДЦЦ од секторот за храна и пијалоци од Холандија, а тоа е господинот Марк Штајнер кој е сопственик на Пивара и свое брендирано познато холандско пиво.
Тој специјално за оваа пригода носи неколку пивски буриња со своето пиво за да би направил презентација на својот производ, а со тоа и ДЦЦ да направи дегустација и презентација на холандски производи во Македонија.

На обој Бизнис клуб ќе има презентација и на наши домашни квалитетни македонски компании од секторот на храна и пијалоци кои со своите производи ќе се представат пред холандските потенцијални партнери и компании.

Би сакале да напоменеме дека на овој значаен настан со свое присуство ќе не удостојат и представници на амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, како и представници на власта и институциите.

Се надеваме на позитивен одговор од Ваша страна и секако присуство на првиот ДЦЦ Бизнис Клуб,


Срдечен поздрав,

Холандска Стопанска Комора во Македонија
Скопје, 06.03.2008
sonjamb
 
Posts: 83
Joined: Thu Nov 15, 2007 4:19 pm

Return to General DCC news---Добродојдовте

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron