[phpBB Debug] PHP Notice: in file /viewtopic.php on line 943: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone.
[phpBB Debug] PHP Notice: in file /viewtopic.php on line 943: getdate(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone.
[phpBB Debug] PHP Notice: in file /includes/functions.php on line 3760: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /includes/functions.php:3184)
[phpBB Debug] PHP Notice: in file /includes/functions.php on line 3762: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /includes/functions.php:3184)
[phpBB Debug] PHP Notice: in file /includes/functions.php on line 3763: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /includes/functions.php:3184)
[phpBB Debug] PHP Notice: in file /includes/functions.php on line 3764: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /includes/functions.php:3184)
kvkmk.org • View topic - Pro Mission Textile

Pro Mission Textile

look into here for news about DCC
Добродојдовте на новата страница на пораки од одборот на Холандската Стопанска Комора во Македонија.

Moderators: nada-office, sonjamb

Pro Mission Textile

Postby kvkmk » Sat Nov 17, 2007 2:56 am

Оддржана првата текстилна про мисија во Холандија

Октомври 31 2007 - Ноември 3, 2007
Партнери, Холандската Стопанска Комора во Македонија - ДЦЦ
и порталот за текстилна индустрија ФешнМК


Канцеларијата на Холандската Стопанска Комора во Македонија- DCC и порталот на македонската текстилна индустрија ФешнМК успешно ја организираа првата од овој вид промисија посветена на текстилната индустрија која одржа во Холандија во периодот од 31.10-03.11.2007.

Неколку македонски компании (Голден Текс, ПП Текс, Стелатекс, Растел, Реплекфарм) зедоа учество во текстилната промисија достојно презентирајќи ги своите капацитети пред холандските заинтересирани страни.

Директни контакти/средби беа остварени со:

- Холандската владина агенција за развој ЕВД со координаторот за ПСОМ проекти во Република Македонија. Координаторот ги информираше присутните за успешно реализираниот проект на ПСОМ, на фирмата Беас од Штип. Исто така, координаторот говореше и за новиот тендер на ПСОМ за 2008 година, и за начинот на аплицирање преку посредничкиот сервис на ДЦЦ или Холандската амбасада во Република Македонија. Во ЕВД беше присутен и претставник на Македонската Амбасада во Кралството Холандија, г-дин Слободан Ташовски. Г-дин Поповски од ФешнМК имаше излагање за текстилната индустрија во Република Македонија. По излагањето беше отстапено време за отворена дискусија и прашања од присутните.

- ‘’Модинт’’- една од најголемите текстилни асоцијации во Европа која има повеќе од 800 членови. Информации за текстилната промисија во Холандија заедно со профилите од компаниите- учеснички, беа публикувани во е-весникот на Модинт. Постои можност ФешнМК и DCC заедно со Модинт да организираат промисија за холандски компании во Македонија. Исто така, се разгледуваат можностите и Модинт да организира и презентација за новите правила и закони во текстилната индустрија за извоз во ЕУ за македонските текстилни компании во Македонија.
.


- ‘’Барон Продукција’’- компанија за трикотажа која е заинтересирана за соработка со македонски копании. Фабриката има свои погони во Полска, Романија и Турција.

- ‘’V&D’’- еден од најголемите продажни центри во кралството Холандија. Планираат да ја посетат Македонија во месец декември.

-‘’Егес’’- каде се потврдија и можностите за анимирање на македонски компании во графичкиот сектор.

- Компанијата ‘’Лем Азури’’ од Амстердам која има интерес за соработка со македонски текстилни компании. Доставени им беа портфолија од компаниите учеснички.
- Компанијата ‘’Н - Џој мода БВ’’ која е бара стратешки партнер за производство на детска облека.

Според констатацијата дека постојат широки можности за соработка кои треба да се искористат, се очекува оваа прва текстилна промисија да резултира и со конкретни деловни зделки.

Македонскиот портал за текстилна индустрија ФешнМК заедно со Холандската стопанска комора-ДЦЦ, ќе продолжи да ги промовира македонските текстилни компании пред холандските текстилни гиганти. Ваквите промисии, овозможуваат промовирање на македонските компании, нивните капацитети и производни линии на глобалниот пазар а истовремено и директни контакти со производители/добавувачи на опрема и репроматеријали.
there is no business than great business ;)
kvkmk
Site Admin
 
Posts: 48
Joined: Wed Aug 15, 2007 3:05 am
Location: Skopje Macedonia

Return to General DCC news---Добродојдовте

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest

cron